(ВИДЕО) Спасовски: Трансформацијата на УБК е од суштинско значење

Од:

После се што видовме и доживеавме во годините зад нас, никој нема ни ронка дилема дека трансформацијата на Управата за безбедност и контраразузнавање, вклучително и на механизмите за контрола на следењето на комуникациите е од суштинско значење по однос на системското редефинирање на безбедносниот сегмент, рече министерот Оливер Спасовски во денешното обраќање на научно- стручната дебата за процесот на трансформација на УБК и механизми за контрола на следење на комуникациите што денеска се одржа на Факултетот за безбедност во Скопје.

– Ако врз основа на постоечкото наше искуство, но и на мноштвото европски оценки и анализи за овдешните состојби – сме едногласни во сознанието дека УБК, со својот концепт на функционирање беше предмет на класична и континуирана политичка злоупотреба, преку која што политичко-бирократскиот естаблишмент ја генерираше општата коруптивност на општеството, тогаш сосема е јасно каква и колкава е големината на задачата што ја имаме преземено во насока на коренита реформа на овој безбедносен сегмент, рече Спасовски.

Министерот Спасовски потенцира дека и Владата на Република Македонија преку низа активности, вклучително и планот 3-6-9, како и Министерството за внатрешни работи, во тесна комуникација и соработка со нашите европски партнери отпочнаа со работа околу сите потребни нормативни, кадровски, технички претпоставки за реализација на реформите во УБК, и особено во делот на механизмите за контрола на следењето на комуникациите.

– Одлуката е донесена, одговорноста е преземена, агендата, односно принципите се јасни. Сега влегуваме во фаза кога главен збор треба да имаат експертите, професионалците, сите оние коишто со својата стручност можат да дадат соодветна контрибуција во градењето на концепт што ќе ги задоволи надежите на граѓаните за функционално општество.

Држејќи се строго до начелото на отвореност, средбите, дебатите, дискусиите, конференциите како што е оваа денес, треба да ни дадат одговор – како сето тоа да се конструира и да живее во пракса, рече министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски