(ВИДЕО) Спасовски – СВР Скопје: Безбедносната состојба во Скопје стабилна

Од:

Безбедносната состојба во градот Скопје е стабилна и има тенденција на намалување на криминалот, е оценката што денеска раководните лица од Секторот за внатрешни работи на Скопје му ја пренеле на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На работниот состанок во просториите на СВР Скопје на министерот Спасовски му било укажано и на проблемите со кои се соочуваат вработените и на недостатокот на работен кадар.

Министерот најави дека во следниот период ќе се посвети посебно внимание на нарушувањето на јавниот ред и мир, намалувањето на кривичните дела и на безбедноста во сообраќајот.

Во делот на подобрувањето на условите за работа на полициските службеници, Спасовски посочи дека со ребалансот на Буџетот веќе се обезбедени дополнителни 10 милиони денари за капитални инвестиции.

– Граѓаните со право очекуваат да имаат зголемена безбедност, но од друга страна полициските службеници се соочуваат со проблеми. Ако имаме предвид дека 10 години не се дадени нови униформи, седум години чизми и не се инвестирало во подобрување на условите за работа, тоа укажува на еден начин на работење кој не бил во интерес на службата и граѓаните. Затоа пренасочивме средства за да ги подобриме овие услови и со ребалансот на Буџетот обезбедивме дополнителни 10 милиони денари за капитални инвестиции, изјави министерот Спасовски.

Работни средби како денешната во СВР Скопје планирано е да се одржат и со останатите сектори кои се во надлежност на МВР.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена