(ВИДЕО) Спасовски сведочеше за Рашковски: Не сум знаел за софтверот, ниту сме разговарале за ова прашање

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не знаел за набавките на Драги Рашковски, кој пак, купил софтвер за мерење на просечна брзина во сообраќајот, кабини, уреди за биометриска идентификација, камери. Спасовски сведочеше во случајот „Софтвери“, каде првообвинет е ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Беше испитуван од Ивана Трајчева, обвинителката која го гони Рашковски заедно со другите лица за кои смета дека се вклучени во набавката, вклучително и фирмата „Инвока груп“ која ги добивала тендерите. Спасовски одговорите ги даваше како министер и технички премиер во периодот на набавката.

„Не сум бил запознаен за ваков софтвер“, рече Спасовски одговарајќи на прашањето дали знаел за набавката на софтверот и додаде: „Не се сеќавам дека сме разговарале за ова прашање“.

Според Спасовски, на владина седница никогаш не било дискутирано за ова прашање.

„Мислам дека не е дискутирано, бидејќи набавките кои ги прави Владата се во надлежност на Генерален секретаријат. Доколку има план за јавни набавки, одлуките ги носи сам“, додаде Спасовски.

Министерот кажа дека изрекувањето на казните и утврдувањето на точна брзина и изрекување на казни е надлежност на МВР по што одговори кратко: „Не“, кога беше прашан од Спасовски дали имало план за имплементација на ваков софтвер.

Спасовски посочи дека се правеле анализи во МВР за да се подобри безбедноста во сообраќајот. Едната опција била и набавка на софтвер.

„Во мандатното писмо од Зоран Заев стоеше да се изврши анализа за подобрување на состојбите во сообраќајот преку надградба на системот. Сме правеле анализи за начинот и модели за надградба на системот ‘Безбеден град’ кој егзистира, надградбата да биде и во делот на сообраќајот. Една од опциите е да се набави нов софтвер, втора опција да се изврши надградба на системот“, додаде Спасовски.

Обвинителката Трајчева се интересираше и дали се дискутирало Владата да ја презеде надлежноста од МВР за изрекување на казни, на што министерот рече дека тоа не е задача на оваа институција.

Во одговори на прашањата на обвинителката, Спасовски кажа дека не знаел ниту дека е набавен систем за биометриска идентификација.

За набавката на камери за софтверот за просечна брзина и кабини за софтверот и системот за биометриска идентификација, Спасовски рече: „Не сум бил запознаен“.

Би можело да ве интересира

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Рашковски за „Софтвери“: Кај мојот патент камерите може да бидат во движење

Горан Наумовски

Рашковски: Можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација

Горан Наумовски

Судењето за „Софтвери“ продолжува на 14 март

Ана Ололовска

Вештак од областа на информатички технологии сведочеше за „Софтвери“

Ана Ололовска