ВИДЕО: Спасовски се вклучи во „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи“

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се вклучи во акцијата „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи“ за донирање во Општина Гази Баба по повод месецот на хуманоста.

Спасовски оцени дека овие услови со пандемијата со КОВИД-19 пред се ја промовираат солидарноста како основна човечка вредност и токму сега има потреба да бидеме солиданри и да помогнеме на оние на кои навистина им е потребна оваа помош, со обезбедување на прехранбени продукти, на средства за хиегиена за најранливите категории граѓани од Општина Гази Баба.

– Ковид пандемијата, покрај сето зло што го нанасе и сите предизвици што стојат пред нас, мислам дека во еден дел успеа да ги врати универзалните човечки вредности и да покажеме дека заедно можеме да поминеме низ секое искушение и да одговориме на секој предизвик, изјави министерот Спасовски.

Тој им се заблагодари на градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски и на Општината и истакна дека секој ден има вклучвуање на лица кои ја покажвуаат солидарноста на дело.

Спасовски најави дека денеска заедно со градоначалникот Георгиевски ќе одржат седница на Советот за превенција на Општина Гази Баба, на која ќе се разговара околу почетокот на учебната година, за предизвиците што стојат пред локалната заедница и како „заеднички да се справуваме и да успееме да се одржиме сите заедно и да бидеме подготвени за нов почеток по завршвувањето на коронакризата“.

Градоначалникот Георгиевски информира дека хуманитарната акција ќе трае до 2 ноември, а ќе се донира храна, облека и мебел за социјално ранливите категории на семејства на повеќе штандови на територијата на Општината во периодот од 10 до 14 часот.

– На Советот за превенција пред се разговараме за веќе преземените мерки и активности во 11 основни училишта, каде досега на секојдневна основа ги пратиме податоците, немаме заболени, но тоа не значи дека превентивно не треба да делуваме. Во периодот што следи. Ги преземавме сите протоколи и мерки за заштита како на наставниците, така и на учениците кои се физички присутни во училиштата, како и со одржувањето на онлајн наставата и секако од двете детски градинки со 10 објекти работат контролирано и засега успешно се справуваме, изјави градоначалникот Георгиевски.

Тој апелираше до родителите и до граѓаните да држат дистанца и максимално да бидат посветени ни личното и на колективно здравје.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

Ученици од Гази Баба за излет до паркот во Гази Баба платиле по 250 денари за автобус: Колку чини една школска екскурзија

Орце Костов

Возачите минуваат на среќа: 26 дена нема сигнализација на најфрекфентниот железничкиот премин во Хиподром

Орце Костов