(ВИДЕО) Спасовски: Потребно е промените да се заокружат и на локално ниво и да се ослободат и општините

Од:

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски вчера имаше средба со жителите на Општина Чешиново Облешево. Тој на жителите од оваа Општина им порача дека веќе е започната битката за држава во која младите ќе ја градат сопствената среќа.

„Ветивме во планот за живот дека ќе ја зголемиме минималната плата во првиоте 100 дена. Тоа и го направивме. Минималната плата е 12.000 денари и ги опфаќа сите работници на Република Македонија. Со тоа праќаме порака дека оваа Влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сака задоволни и заштитени работници, со платени придонеси, социјално и здравствено осигурување. За поддршка на земјоделството во Македонија, ќе воведеме мерки за субвенционирање во семенскиот материјал, ќе извршиме ревизија на доделувањето на земјоделското земјиште. Најважно земјата ќе ја одземеме од тие великопоседници на ВМРО-ДПМНЕ, што ја држеа и ја даваа под закуп и ќе ја дадеме на вистинските земјоделци“, рече потпретседателот Спасовски.

Тој оцени дека овие локални избори се важни, започнатите промени на централно, да се заокружат и со промени на локално ниво, за ослободување на општините и враќање на животот за сите.

„За нас нема важни и неважни општини, нема мали и големи општини. Сите се важни и сакаме за сите граѓани да понудиме еднакви услови за живот. Без разлика дали живее во град или на село мора да има основни услови . Мора да обезбедиме и чиста вода за пиење, мора да воведеме фекални канализации, мораме да изградиме патишта, Македонија да биде држава без кал, држава каква што доликува во 21 век“, порача потпретседателот Спасовски.

Спасовски ги повика граѓаните да излезат на гласање и да ги поддржат кандидатите на СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања