(ВИДЕО) Спасовски: Осудениот насилник Мисајловски не може да биде градоначалник на Ѓорче Петров

Од:

„Ова е пресуда со која кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски е осуден на условна казна од шест месеци за нанесување тешка телесна повреда.

Мисајловски во 2008 година бил правосилно осуден на условна казна од шест месеци, доколку во рок од две години не направи ново кривично дело, бидејќи заедно со уште еден соучесник нападнале едно лице и му нанеле тешки телесни повреди.

Ова е само уште еден доказ дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е составена од насилници, криминалци и послушници на Никола Груевски и доказ дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во ерата на закани, насилство и криминал.

Насилник кој тепа граѓани не смее да биде градоначалник на Ѓорче Петров.

Ѓорче Петров нема да дозволи биде раководено од осудени насилници, тепачи и соработници на Никола Груевски. Затоа на 15 октомври искористете ја неповторливата шанса, излезете во што поголем број и дајте поддршка на кандидатот и советничката листа од СДСМ. Да ставиме крај на криминалното, насилничко и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче. Да гласаме за број 19, за живот во Ѓорче за сите“, изјави Илија Спасовски, носител на кандидатската листа за советници на Општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ