(ВИДЕО) Спасовски: Набавивме нови униформи за полициските службеници

Од:

Во рамки на нашите континуирани активности, а согласно примарната задача за подобрување на условите за работа на полициските службеници, поделивме нови униформи за потребите на нашите најмлади колеги- новопримените полициски службеници од последните конкурсни циклуси, рече министерот Оливер Спасовски на денешното претставување на новонабавените униформи за полициските службеници во кругот на СВР Скопје. Станува збор за набавка на 1.200 униформи за припадниците на полицијата кои што се состојат од капи, кошули, вратоврски, виндјакни, маици, каиши…

-Затекнавме многу лоша состојба со опременоста на полициските службеници, скоро една деценија без набавка на униформи. Сега таа состојба ја менуваме од корен, создавајќи базични предуслови за нормално и непречено функционирање на полициската служба во целина. Она што го затекнавме беше субстандардни услови во кои што работеа полициските службеници. Таа недопустлива состојба ја менуваме и нема да престанеме во нашите напори се додека не се воспостави еден нормален, пристоен и функционален амбиент за работа на сите полициски службеници. Затоа што само со овозможување на тие елементарни услови за работа, полицијата ќе биде ефикасен и квалитетен сервис на граѓаните- рече Спасовски.

Пред десетина дена беше набавена униформата за Единицата за специјални задачи, претходно за припадниците на Одделот за обезбедување, како и за други полициски службеници, а и во наредниот период продолжува опремувањето на полициските службеници. Продолжуваат и активностите за реновирање на полициските станици, а од наредниот месец се зголемува и платата на полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он