(ВИДЕО) Спасовски: Македонската полиција е во период на коренити реформи

Од:

„Mакедонската полиција e во интензивен период на коренити реформи во речиси сите области од нејзиното функционирање. Процес, неопходен и суштински, од аспект на воспоставување на поквалитетни вредносни, професионални, стручни и нормативни стандарди и критериуми во работењето на организационите единици на министерството и особено е важно што и овој пат ја имаме целосната поддршка на мисијата на ОБСЕ во Скопје, чиј што досегашен ангажман во низата заеднички проекти, пред се во рамки на Министерството за внатрешни работи, ни дава за право искрено да веруваме дека и сега, заеднички, ќе направиме квалитетна основа за натамошното реформирање и развој на нашата полиција во современа, мобилна, транспарентна, стручно и професионално оспособена институција која што ќе биде достоен и кредибилен сервис на сите наши граѓани“, рече, меѓу другото, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната средба на заедничките работни групи на претставници на МВР и ОБСЕ, кои ќе работат на прашања поврзани со реформите во полицијата односно стратегијата за управување со човековите ресурси, изготвување на стратегија за вклучување на заедницата и стратегија за комуникација, ревидирање на дисциплинските постапки во МВР и стратегија за развој на Центарот за полициска обука.

„Очекувам да добиеме далеку подобри нормативно-концепциски рамки во посочените области, што на стратешко ниво ќе ги детектираат и опфатат сите слабости и потреби во соодветните организациони единици. Потоа, таквите рамки ќе отворат простор за посеопфатно, и се разбира поквалитетно и поефикасно, оперативно структуирање, организирање и делување на соодветните служби“, рече министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

Една година затвор за напад и прегазување на полицаец во Кавадарци

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

Полицијата бара исчезнато девојче на 13 години