(ВИДЕО) Спасовски: Една година промени преку кои Македонија ја вративме на патот на светлата иднина

Од:

„Веќе цела година од изборот на новата власт, заедно правиме коренити промени во нашата држава. Тоа се промени со кои Македонија се опоравува од 11 години режим, промени со кои се ослободува заробената држава, промени со кои се враќа правдата и довербата кон институциите.

Промени со кои конечно, луѓето – граѓаните стануваат најважни во Македонија. Дојде крајот за криминалното богатење на поединци.

Денес, со овие промени, ја поправаме децениската штета и траума која се вршеше врз граѓаните, врз нацијата и врз нашата Република Македонија.

Денес работниците имаат повисока, загарантирана минимална плата. Покачена е и просечната плата.

За само три месеци во земјава, од јануари до март оваа година, влегоа 235 милиони евра странски директни инвестиции – тоа е рекордно најмногу споредено со првите тромесечја во последниве 12 години.

Денес посветено ги решаваме споровите, за Македонија да добие датум за почеток на преговори со Европската унија и покана за членство во НАТО.

Македонија е едно општество, едно семејство во кое секој е еднаков пред законот. И секој кој работел и работи противзаконски ќе мора да се помири, дека мора да се качи на вагата на правдата.

И конечно, заврши времето на поделби на ваши и наши. Нема место за омраза.

Македонија може да има само еден завет, а тоа е просперитетната иднина. Како демократска опција, поведовме и заедно со вас веќе ја поставуваме Република Македонија на патот на светлата иднината. Никој нема право, ниту е тоа веќе можно, да ја враќа Македонија во минатото.

Секој чекор го правиме и ќе го правиме заедно.

И повторно, драги граѓани,

Ви благодариме за одговорноста што ја покажувате додека испишуваме нови страници во Книгата на прогрес, развој и просперитет!“, рече Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и министер за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии