(ВИДЕО) Спасовски: 8. Март е симбол на борбата за сите права и за еднаквост на жените во целиот свет

Од:

Меѓународниот ден на жената – 8 Март е симбол на борбата за сите права и за еднаквост на жените во целиот свет. Празникот не повикува да продолжиме да ги совладуваме конзервативните и застарени принципи за улогата на жената, истакна во своето видео обраќање премиерот Оливер Спасовски по повод денешниот празник.

Според Спасовски, празникот повикува да продолжиме да ги совладуваме конзервативните и застарени принципи за улогата на жената. Да ги менуваме тие принципи и да останеме посветени на тоа сѐ до постигнување на целосната правична родова еднаквост.

Постигнувањето на еднаквоста, како што истакна, бара постојаност и упорност од сите нас, а клучната улога во тој процес имаат доброто образование, особено темите за родова еднаквост и недискриминација.

Посебно место меѓу приоритетите, според него, се и економската и социјалната рамноправност.

– Да не престанеме да се залагаме за создавање услови за економски самостојни девојки и жени. Тоа се услови за нашите мајки, сопруги и ќерки полесно да се справуваат со дискриминацијата, насилството и сиромаштијата. Општеството ќе се движи напред со еманципирани жени и девојки. Само на тој начин и со заеднички заложби и учество во овие процеси ќе го зајакнеме општеството на еднакви граѓани и граѓанки по сите основи. Честит 8 март за родово еднакво општество, истакна премиерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

„Држава што не постапува е држава што силува“ – протестен марш по повод Меѓународниот ден на жената

Жарко Настоски

Спасовски: Горд сум што има повеќе жени во полицијата и во командните структури

Жарко Настоски

Груби: Успешните жени на нашите заедници се пример за општеството

Жарко Настоски

Осмомартовски протест во Атина

Шахпаска: Борбата за родова еднаквост продолжува и нема да престане​ до исполнување на целта

ОБСЕ: Клучно е да се зајакне лидерската улога на жената