(ВИДЕО) Спасевска за дигитализација на учебниците: Ако нема печатени учебници, ќе има протест и бојкот на наставата

Од:

Печатени учебници, физичко присуство во училиште, враќање на фондот на часови кои се намалени по одредени предмети како и иземање на содржини за родово сензитивни теми и сексуално образование во основно училиште се дел од барањата на иницијативата на група граѓани „Учебници и настава мора да има“. Според креаторката на групата која брои 75000 членови (родители, наставници, педагози), Драгана Спасевска тие се изложени на голем притисок откако се спротиставиле на најавените реформи на Министерството за образование и наука.

Во интерес на соочување на аргументите поканивме и претставник од МОН, но дебата одбија со образложение дека тие го кажале своето, и доволно биле присутни досега во медиумите на оваа тема.

Спасевска вели дека тие нема да се откажат додека не бидат вклучени во креирање на реформите и консултирани за овие прашања, а доколку нивните барања не бидат усвоени ќе излезат на протест и ќе повикаат на бојкот на наставата.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Учениците од четврто, петто и шесто одделение од денеска ќе ги имаат првите дигитални интерактивни учебници

Левица:Историчарите ги бојкотираат учебниците по концепција на Царовска

ВМРО-ДПМНЕ: Укинати се стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети

15 посто повисоки плати во образованието договориле СОНК и Министерството за образование

Катерина Ѓуровски

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов