ВИДЕО: Спасена мечка која 10 часа била заглавена во бачило на Шар Планина

Од:

Од Националниот парк Шарл Планина информираат дека по дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната Установа Зоолошка градина на Град Скопје организираа акција за ослободување на животното.

– Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по 3 часа работа Бозо беше успешно ослободен. Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските села живее во соживот со природата, се вели во објавата од Националниот парк.

Од таму упатуваат благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката.
Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни.

Би можело да ве интересира

Прегазена мечка на автопатот Скопје-Тетово, животното угинало

A1on

ВИДЕО: Спасена млада мечка која била фатена во нелегална замка во Велешко

Катерина Ѓуровски

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера на Шар Планина

Починат планинар пронајден на Шар Планина

А1он

ВИДЕО: Мечка снимена на паркинг во Ростуше