ВИДЕО: Советникот Ерџан Еминоски премина од редовите на СДСМ во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Би сакал да ја известам прилепската и македонската јавност дека од денес повеќе нема да настапувам како дел од СДСМ и коалицијата и преминувам и ќе настапувам поддржувајќи го ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

Имено, јас како личност, а и во разговор со голем дел од граѓаните на Општина Прилеп кои гласаа за мене, не можам повеќе да се согласам со политиките кои ги води СДСМ. Политиките на отпор, бојкот и постојано нанесување на штета на градот и државата не се ниту моја желба, ниту желба на граѓаните кои ги застапувам. Во услови кога Прилеп постојано се развива, кога Република Македонија чекори кон економски напредок, кога постојано се реализираат проекти за доброто на граѓаните, кога постојно се исполнуваат условите потребни за влез во ЕУ и НАТО јас не би можел повеќе да бидам дел од политиките кои свесно го уриваат напредокот на нашата држава, политики кои свесно ја кочат нашата држава и Општина Прилеп, политики на СДСМ кои сакаат црни сценарија, а не напредок на нашиот град и нашата држава“, изјави Ерџан Еминоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски