(ВИДЕО) Совет за безбедност: Нема потреба од кризна или вонредна состојба во државата

Од:

Советот за безбедност одлучи да не прогласува вонредна или пак кризна состојба на целата територија на државата, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски, тврдејќи дека овие заклучоци биле донесени од две причини.

Прво, затоа што било заклучено дека нема потреба да се прогласи кризна или вонредна состојба, бидејќи сите надлежни институции деноноќно ја мониторираат состојбата со коронавирисот. Втората причина, како што рече Пендаровски е дека е јасно дека оваа криза ќе трае.

„Ние мораме ресурсите да ги димензионираме спрема реалните потреби и ризици“, рече Пендаровски.

Тој рече дека министерот за здравство Венко Филипче на Советот за безбедност ја презентирал целокупната ситуација и целокупниот план во однос на распоредот на здравствениот кадар.

„Има одлична соработка меѓу институциите и надлежните, а посебно признание треба да им се оддаде на граѓаните во општините Дебар и Центар Жупа. Целокупниот здравствен кадар може да биде мобилизиран. Оттаму, заклучокот на Советот за безбедност во однос на целокупната ситуација за евентуално ширење на болеста е дека поставеноста на државата во овој момент е соодветна и адекватна, што е впрочем потврдено и од Светската здравствена организација“, изјави Пендаровски.

Тој уште еднаш го повтори апелот граѓаните стриктно да ги почитуваат сите мерки, затоа што тоа е најдобриот начин да се спречи ширењето на болеста.

Пендаровски упати и апел до македонските држајани да не патуваат надвор, особено во средно и високо ризичните земји зафатени со коронавирусот.

„Апел и до нашите државјани кои работат надвор, без голема потреба да се враќаат, не можеме да им го забраниме тоа, но сепак, секој трансфер меѓу држави може да биде ризичен“, рече Пендаровски.

Советот заклучил и дека ќе ја следи состојбата со коронавирусот 24/7 и по потреба може ќе се состанува секој ден, па и по неколку пати дневно.

Би можело да ве интересира

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

А1он

Kонститутивна седница на Советот за безбедност

А1он

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

Претседателката Сиљановска Давкова ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови на Советот за безбедност

Предраг Петровиќ

Безбедносната состојба во моментов не е загрозена, нема потреба да се свика Советот за безбедност, вели Тошковски