(ВИДЕО) Сотирова-Бухова: Нема невакцинирани деца во градинките

Од:

Ниту едно дете кое не примило МРП вакцина не е затекнато во државните ниту во приватните градинки, тврди директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова. Таа уверува дека тимовите на Инспекторатот се на терен и за изминативе 48 часа колку што поминаа од прогласувањето на епидемијата од морбили, констатирале дека се почитува забраната за прием на невакцинирани деца.

„Со сосема точна сигурност ќе ви кажам дека денеска се пројдени апсолутно сите приватни градинки во Скопје, и тоа по 4 во Центар и Кисела Вода и 6 во Карпош. Во ниту една нема забележано дека е примено дете на чување, ниту вчера ниту во текот на денешниот ден, кое не е вакцинирано со МРП-вакцината,“ вели д-р Бухова.

Во однос на опасноста од ширење на заразата и во игротеките или затворените трговски центри каде најчесто се движат децата, Бухова вели дека засега проценките на Центрите за јавно здравје се дека нема потреба да се наложат нови вонредни мерки за превенција.

„За движење во затворени простори и организирани групни збиднувања, се уште проценката на центрите за јввно здравје и епидемиолошката анализа не укажува на тоа дека можеби ке треба нови задолжителни мерки. Меѓутоа состојбата се следи во континуитет и ако има потреба ке се наложат, додава Бухова.

Според податоците од Министерството за здравство, во изминатите два дена нема нови заболени од морбили ,а речиси 1000 деца примиле МРП-вакцина. Вакциналните пунктови во поликлиниките во СКопје работат и втора смена а здрваствените власти постојано апелираат да се имунизират сите деца, бидејќи МРП-вакцината е задолжителна.

Во меѓувреме група родители кои одбиваат да ги вакцинираат децата најави граѓанска непослушност и протести против мерките на здравствените власти за спречување на епидемијата со мали сипаници.

Од градинките ги враќаат родителите кои не ги вакцинирале своите деца, иако дел од приватните градинки вчера правеле отстапки за родителите кои немале каде да ги остават на чување децата. Лекарите појаснуваат дека во услови на епидемија личното право не може да биде над колективното и државата во овој случај го штити интересот на мнозинството од населението.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ

Меџити: Има доволно вакцини, родителите да ги вакцинираат децата

Нова кампања за имунизација „Да не си играме со здравјето!“

А1он

Вакцините против рак и против срцевите болести ќе бидат готови до крајот на оваа декада

170 мајки на суд – не ги вакцинирале децата

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска