ВИДЕО: Сообраќајна несреќа на „Рузвелтова“, две лица пренесени на Ургентен

Од:

На булеварот „Франклин Рузвелт“ во центарот на Скопје дојде до сообраќајна несреќа откако се судрија два автомобила, „Опел“ со струмичка ознака и „Цитроен“ со гостиварска ознака.

Во сообраќајната несреќа повредени биле две лица кои веднаш биле пренесени на Ургентниот центар во Скопје.

Очевидци за „А1он“ велат дека до несреќата дошло кога возачот на „Цитроенот“ изгубил контрола врз автомобилот по што удрил во „Опелот“ па во дрвото.

Од МВР соопштија дека несреќата била пријавена околу 16:35 часот. Засега не е позната причната за несреќата, а полицијата врши увид на лице место.

Би можело да ве интересира

Заев: Загубата на Трајче Нешковски е загуба и за нашата држава, за македонското здравство

Ана Ололовска

Лекарска комора: Медиумите да се воздржат од коментари за сообраќајката на Рузвелтова до официјалните информации од Судска медицина

Предраг Петровиќ

МВР со детали за вчерашната сообраќајка на „Рузвелтова“

Ана Ололовска

32-годишниот Нешковски од СДСМ, пулмолог и раководител на Ковид-единицата е жртвата од сообраќајката на „Рузвелтова“

А1он