32-годишниот Нешковски од СДСМ, пулмолог и раководител на Ковид-единицата е жртвата од сообраќајката на „Рузвелтова“

Од:

Во денешната тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата „Рузвелтова“ околу 16.30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, кој порано беше потпретседател и генерален секретар на СДММ. Тој бил пулмолог, а ја раководеше Ковид-единицата во детската болница „Козле“.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајната несреќа се случи попладнево на улицата „Франклин Рузвелт“ – се судрија два автомобила, „Опел“ со струмичка ознака и „Цитроен“ со гостиварска ознака.

Очевидци за „А1он“ изјавија дека до несреќата дошло кога возачот на „Цитроенот“ изгубил контрола врз автомобилот по што удрил во „Опелот“ па во дрвото. Првичните информации од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување се дека Нешковски, по доживеан срцев удар, изгубил контрола над возилото, а залудни биле сите напори за негова реанимација.

Целото раководство на СДСМ, вклучително и премиерот Зоран Заев и голем број лекари вечерва преку социјалните мрежи се збогуваат од својот сопартиец, колега и пријател, кој прерано го загуби животот.

Би можело да ве интересира

Заев: Загубата на Трајче Нешковски е загуба и за нашата држава, за македонското здравство

Ана Ололовска

Лекарска комора: Медиумите да се воздржат од коментари за сообраќајката на Рузвелтова до официјалните информации од Судска медицина

Предраг Петровиќ

МВР со детали за вчерашната сообраќајка на „Рузвелтова“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Сообраќајна несреќа на „Рузвелтова“, две лица пренесени на Ургентен

Горјан Грнчаровски