ВИДЕО: Сообраќајка кај Градска болница, почина маж

Од:

Почина 70-годишен скопјанец во сообраќајка која се случи попладнево во центарот на Скопје. Во близина на градската болница „св. Наум Охридски“, се судрија две возила, марка „шкода“ и „мерцедес“. Неофицијално, мажот починал откако негов роднина го носел во болница, а паднал во бесознание уште пред сообраќајката да се случи. Но, причините ќе ги утврдува Судска медицина.

Од МВР велат дека е констатирана смрт кај сопатникот кој се превезувал со „мерцедесот“.

„На улицата 11 Октомври и улицата што излегува од ГОБ св. Наум Охридски се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Б.М. (1984)  и  патничко возило „шкода“, управувано од Ј.В. (1971) . Со повреди се здобил сопатникот во ПМВ Мерцедес, Е.М. (1951),кој е однесен во ГОБ Наум Охридски и во 13,30 часот од страна на доктор е констатирана смрт“, велат од МВР за „А1он“.

Полицијата неколку часа правеше увид, по што ќе се знаат и причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски