ВИДЕО: Со турски знамиња покриен џипот на Латас

Од:

Откако пристигнаа пред седиштето на телевизија Сител, граѓаните од турска националност револтирани од речникот на Драган Павловиќ Латас, кој вчера во интервјуто со лидерот на СДСМ рече „лажеш како Турчин“, покрија џип со турски знамиња, за кој кажаа дека е на Латас.

Тие побараа оставка од Латас и неколку пати го повикуваа да излезе пред редакцијата на телевизијата, а од таму излезе само камерман на телевизијата кој од скалите го снимаше протестот. Тие најавија и тужба против Латас, а говор пред телевизијата држеше и претседателот на Движењето за национално единство на Турците, Ердоган Сарач.

Латас во последните вести синоќа се извини на Турците и рече дека се работи за негов гаф.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Државјани на Турција грабнале сонародници и од нив барале пари

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни