ВИДЕО: Со свирежи Талат Џафери спречен да помине од демонстрантите на „За заедничка Македонија“

Од:

Пратеникот на ДУИ Талат Џафери денеска случајно се сретна и не успеа да ги избегне со своето возило демонстрантите од „За заедничка Македонија“ кои се нафрлија на него со навреди, пцости и свирежи по што се врати назад.

Порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ го објавија видеото од овој настан, но избришани се деловите каде што Џафери се навредува и пцуе. Првично објавеното видео на ФБ на некои профили, кое потоа го снема, содржеше навреди по етничка линија, но и пцости упатени кон Џафери.

Курир под наслов „Нема да помине, провокаторот Талат Џафери исвиркан и вратен назад“ пренесува дека народот одлучно одговорил на ваквите провокации и со негодувања и свирежи го вратил назад Џафери.

Според порталот можеби се работи за смислен пропуст на полицијата на терен, во чии редови пред некој ден на самите протести можел да се забележи сопругот на Фросина Ременски од СДСМ, Јовче Ременски.

„Токму Ременски е одговорен за постапувањето на полицијата, која наместо да блокира свесно го пропуштила аудито на провокаторот Џафери, кој дрско сакаше да испровоцира и да издејствува реакција на насобраните граѓани, кои и денеска излегоа во масовен број“, пишува Курир.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски