(ВИДЕО) Со поддршка на општина Струмица се реализира проект за поголемо учество на жените во локалната политика

Од:

Организацијата на жени почна со реализација на проектот „Активно вклучување на жените во процесите на носење одлуки“ финансиски поддржан од општина Струмица. Во рамките на проектот, денеска, претставници на организацијата остварија средба со членовите на комисијата за еднакви можности при Советот на општина Струмица.

-Бидејќи и комисијата за еднакви можности при Советот на општина Струмица и координаторот за еднакви можности на Општината, се еднакво засегнати со решавање на овие прашања, ние денеска инициравме средба со цел да ги запознаеме со активностите на проектот за да дадат свој придонес во реализацијата на идните активности. Во наредниот период ќе се реализираат средби со жени во 10 населени места со цел да ги информираме за механизмите за нивно учество во креирањето на значајни одлуки во општина Струмица, бидејќи и таа е целта на проектот.

Во наредната фаза од проектот ќе бидат реализирани 10 работилници на кои што жените ќе можат да ги идентификуваат проблемите и приоритетите во нивните населени места за на крај, на единаесеттата работилница, со консензус, да одберат неколку приоритети кои што ќе бидат доставени до Градоначалникот и Советот на општина Струмица со цел барем три од нив да станат дел од буџетот на општината за 2015 година. Исто така, до сите институции во општина Струмица се доставени барања за слободен пристап до информациите со цел да ја видиме родовата структура во институциите бидејќи не располагаме со такви податоци за да можеме да издадеме една публикација која ќе им послужи на сите релевантни институции и организации во општина Струмица, рече Христова.

Проектот „Активно вклучување на жените во процесите на носење одлуки“ е инициран од минатогодишните истражувања во рамките на проектот од областа на родовите прашања кои покажаа дека и покрај демографскиот баланс во општина Струмица на женски и машки жители, сепак постои значително помал број на жените кои што учествуваат во креирањето на важните стратегии и политики на локално ниво, особено на жените од руралните подрачја. Во рамките на тој проект беше донесена и од страна на Советот на општината усвоена програма од областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2014 година.

Овој проект, општина Струмица го поддржа со 295.900 денари од буџетот за 2014 година.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ