Благојче Георгиев со инвалидска количка дојде од кочанско село да даде поддршка на протестот пред МРТ. Георгиев порано живеел во Скопје, но имал несреќа да се вози во такси и во него да удри кола по што завршил во инвалидска количка.
-Не треба да се плашиме од никого, дојдов да се спротивставам на овој режим на ова зло, ќе дојде ред и дојден е тие да си заминат. Не сме сложни ние, не може нашите деца и внуци да ги враќаат кредитите кои ти ги крадат . МРТ е сервис кој сите граѓани го плаќаме, затоа што ако не плаќаме ни доаѓаат извршители. Но, не ни дозволуваат и не ни пуштаат ништо освен цртани фолмови и Груевски. Немам услови за кабловска телевизија, мали ми се примањата, примам бедна инвалидска пензија, а јас сум родител на три малолетни деца. Зошто МРТ не ги објави сите снимки, или се плашат, нека земат пример од мене кас сум во инвалидска количка и не се плашам, рече Георгиев.
Овде со мене се дојдени мои најдобри другари, Турчин, Бошњак, имам и Албанци овде другари, едно сме, да се избориме заедно за оваа држава. Дојдов овде да покажам на министерката дека не сум од нејзините човечиња и гревчиња, рече Георгиев.