ВИДЕО: Со авионот на „Ер Србија“, евакуирани Македонците од Израел

Од:

90 македонски државјани денеска со авионот на „Ер Србија“ се евакуирани од Израел. Со нив патуваат и Срби, Албанци и Црногорци. Права станица е Скопје, а потоа Белград.

Српските медиуми објавија видео од авионот пред полетувањето.

На видеото се гледа дека авионот бил полн, а Душан Вујовиќ, конзул на српската амбасада во Израел, им посака на сите патници да се видат во „подобри услови“.

– Драги пријатели, се качи и последниот патник. Ви посакувам се најдобро, убав пат. Ве поздравувам пред амбасадите на Србија, Северна Македонија, деловниот конзулат на Црна Гора и Амбасадата на Албанија од моите драги колеги кои сето ова го организираа на терен. Прво летате за Скопје, па за Белград, чувајте се и се надевам дека ќе се видиме во подобри времиња. Се најдобро уште еднаш – рече Вујовиќ, на што патниците одговорија со извици „Да живее Србија“.

Инаку, Владата вчера соопшти дека ги сноси сите трошоци за летот.

– Во услови на целосно откажани летови и блокиран авиопревоз со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет беше надминат со соработка со „Ер Србија“ за превоз на граѓаните кои побараа помош – се наведува во официјалното соопштение.

Би можело да ве интересира

Документи и фотографии откриваат: Израел им продал напредни воени системи на Катар и Саудиска Арабија

Од Израел му честитаа на Јанша за одлуката да го повлече признавањето на Палестина: „Ова е вистинската страна на историјата“

Нова ескалација меѓу САД и Иран: Размена на напади, Трамп со остра закана кон Техеран

Бен Гвир по смртта на четворица израелски војници: Цел Либан мора да изгори

Загинаа четворица израелски војници

Москва тврди: „Израел е ранет и незадоволен – ќе се одмазди“