„Јавна навреда и уцена кон претседателот Трамп и Америка“, вакво објаснување е напишано под видеото на кое се гледа и реисот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи како во присуство на повеќе лица, според преводот на видеото, слуша за наводни разголени фотографии од сопругата на Трамп, со кои, може да се уценува. Според објавата, муабетот го раскажува извесен Скендер Кодра кој е претседател на на албанско-американската академија за наука и уметност со седиште во Њујорк.
Трамп нема кај да бега затоа што жена му ја имаме сликана РАЗГОЛЕНА! Јавна УВРЕДА и УЦЕНА кон Претседателот Трамп и…
Posted by Shkupi Nisma on Понеделник, 18 мај 2020
„Нашата среќа лежи во тоа дека поверни од нас, тие немаат. Тоа е сигурно дека Трамп е алчен кон славо-словените и тоа силно го посакува. Немам доверба кон (Трамп). А со Хилари и Бил Клинтон сум седел како со Вас. Ги вложив сите напори за да победат тие, но за жал, истите изгубија. И му реков, ‘Што правиме сега’, кога, Трамп рече дека имам еден Албанец кој што го сакам и имам почит кон албанската нација! Фадил, тој фотографот… Фадил Бериша. Тие ми рекоа, па гола ја сликал неговата жена, жената на Трамп, о доктор! Разголена ја сликал жената на Трамп. Појдов кај Фадил и му реков, види, доколку имам потреба за нешто, ти можеш да видиш тој (Трамп), затоа што јас не можам да имам допир кај Трамп. Истрошен сум. Ми даде збор и ми рече да“, пишува во преводот на снимката.
Снимката е објавена на „Фејсбук“, на страницата „Шкупи нисма“, со предвод на македонски и албански јазик.