(ВИДЕО) Скопјани смрзнуваат без парно

Од:

Скопјани се смрзнуваат по дома. Иако од понеделник парното требаше да биде пуштено во домовите на корисниците, радијаторите останаа ладни.Регулаторната комисја за енергетика според правилникот наложи топланите да пуштат парно, зошто ако три дена со ред температурите по 21 часот се под 12 степени парно мора да се пушти стои во член 44 од Правилникот.

Но иако РКЕ наложи, парно нема, а грејната сезона започнува на 15 октомври, а дотогаш скопјани се грејат на струја, а тоа чини пари. Сметките кои ги плаќаат за парно цела година се огромни, а топлината која ја добивале не била доволна за да се згрејат домовите се жалат скопјани.

Од Балкан Енерџи Груп кој снабдува над 50.000 потрошувачи во Скопје без конкретен одговор зошто нема парно и зошто не се спроведуваат наложбите на регулаторната комисија за енергетика. Случувањата ги следеле преку новинарските натписи во медиумите.

И додека се утврдуваат правилата како кој треба да постапи граѓаните се смрзнуваат дома, а алтернативниот начин на затоплување на домовите чини плус пари од семејниот буџет.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови