ВИДЕО: Скопјанец го бркаа со сатар низ Лептокарија бидејќи се пожалил на високата сметка

Од:

Маж и жена кои работеле во угостителски објект со сатар бркале гостин низ Лептокарија, бидејќи се пожалил дека сумата на сметката е повисока од реалната. На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа како мажот го брка непознатиот човек со нож, а жената трча по нив. Потоа, жената го удира човекот со корпа за отпадоци.

Случајот е пријавен во МВР, утрово пред 12 часот од случајни минувачи. Полицијата е на терен и работи на расчистување на случајот, по што, ќе бидат познати повеќе детали.

Би можело да ве интересира

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници