Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Од:

Сообраќајна несреќа се случила вчера попладне во Охрид, кога возач удрил пешак и го напуштил местото на несреќата, по што бил пронајден и лишен од слобода.

Според информациите од МВР, настанот бил пријавен во 16:05 часот во СВР Охрид, а се случил на улицата „Кленоец“. Патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот З.Ј. од село Горно Лакочереј, удрило во 55-годишниот пешак А.Н. од село Свиништа.

По несреќата, возачот го напуштил местото на настанот, додека пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле возачот, кој по наредба на јавен обвинител бил лишен од слобода. Возилото било одземено, а при извршените проверки било утврдено дека З.Ј. управувал под дејство на алкохол, со 2,78 промили алкохол во крвта.

Дополнително, од полицијата информираат дека и кај повредениот пешак биле утврдени 1,34 промили алкохол во крвта.

Извршен е увид на местото на несреќата, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок