ВИДЕО: Сите сме Зоран Заев, уапсете не’!

Од:

Сите ние овде сме Зоран Заев, уапсете не’, бујрум! порача пред граѓаните попладнево Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ, на протестот пред зградата каде што живее Никола Груевски.

– Истиот овој Груевски испрати закана до сите нас, ќе сме го плателе долгот заедно со сите затезни камати, но сега пред неговата резиденција ќе му порачаме: Никола, не само што ќе го платиш долгот со сите камати, туку ќе ја вратиш и хипотеката што ја имаш земено на грбот на граѓаните, рече Кирацовски.

Груевски, како што рече, е еден залутан човек кој не се снајде во демократија воспостави сеопшта општествена контрола, ги узурпира институциите, направи упад во судството, ги окупира медиумите, прислушкуваше, креираше политички затвореници.

Тој рече дека Зоран Заев е човекот што ќе ја разреши ситуацијата кој ја обелодени вистината за Македонија и до срж ја разобличи оваа ненародна власт.

– И покрај сите обиди за раздор на народот на Македонија, на етничка и на било каква основа, ние сепак сме заедни сите тука, затоа што сме си потрени едни на други. Слушам, деновиве – Никола Груевски бил тест за Европската унија, не, тој е тест за сите нас и ние ќе го решиме, тој мора да загуби на фер и демократски избори, рече Кирацовски.

Тој рече дека е потребна предна влада, но не за да Груевски падне, а СДСМ дојде на власт, туку затоа што тоа е добро за Македонија и ги повика сите граѓани кои се воздржани да се приклучат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?