(ВИДЕО) Синоличка Трпкова: Македонија е циркус каде тренери удираат со камшици мали човечиња

Од:

Актерката, Синоличка Трпкова, во говорот пред МРТ кон граѓаните, Македонија ја спореди со циркусот Медрано каде што, како што рече, тренери удираат со камшици мали човечиња.

– Во цуркус животните се повеќе почитувани отколку луѓето во Македонија. Се случуваа протести, се случи Студентски пленум, Професорски, Средношколски и Наставнички пленум, а МРТ беше мртва. Студентите го окупираа Универзитетот и прв пат прогласија автономија, а МРТ беше мртва. Слушаме криминал на разговорите, како министри ја кројат судбината на луѓето, МРТ остана мртва – порача актерката.

На тврдењата дека собирот пред МРТ е партиски, таа ги праша насобраните граѓани дали е така и доби силни негодувања и извици дека не е.

– Ова е граѓански собир, тука сме дојдени затоа што ни е преку глава. Овој пат ќе ја извојуваме нашата битка и ќе ја ослободиме МРТ. Верувам дека сите во срцата носиме по еден храбар генерал. Да го разбудиме – порача Трпкова.

На насобраните граѓани им се обрати и Верица Ситниковска од Студентски пленум, која рече дека граѓаните најмалку што заслужуваат е да ја чујат вистината од МРТ затоа што тие ја плаќаат.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Зоран Ристовски нов директор на МРТ

Утврдена листата кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија

37 кандидати се пријавиле на конкурсот за членови на Програмскиот совет на МРТ

Мециновиќ: Зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ

Катерина Ѓуровски

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски