Силјановска: Ветувањата кон пензионерите не се исполнети

Од:

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на средба со приватни здравствени работници и здруженија на пензионери во Општина Велес кажа дека ветувањата не се исполнети.

Сумите можеби за нив не се големи, меѓутоа месечните божемно очекувавме покачувања, а сега не е така. Напротив е снижувања кога ќе ги соберете кастрења на крајот на годината останувате збунети.

Ветувањето беше дека ќе има посебна грижа за пензионерите меѓутоа ние гледаме дека сега тоа е негрижа бидејќи не само што нема покачување туку има снижување на пензијата и сега ние не знаеме каков ќе биде овој тренд. Меѓутоа ако трендот е континуирано снижување тогаш ветувањето не е исполнето.

Згора во оние дијалози со што беа, разговори со претставниците на пензионерите, цело време тврдењето беше дека ние лошо пресметуваме и дека всушност има покачување. Ама личниот есап, личната сметка на секој од вас, и од чекот, така чекот некогаш зборува повеќе од ветувањето и од кажаното.

Значи коментарот, навистина оние кои цел живот го инвестирале во благосостојбата, во определени области значи инвестирале знаење, време, ум, здравје сега остануваат вчудоневидени. Згора запре онаа дебата околу фондот, шокирани бевме сите, што се случувало значи со фондот за пензиско – инвалидско, почнаа храбро ама очигледно дека договорот со коалициониот партнер потоа работата ја врати на почеток, и сега ние се чудиме што стана со серискиот филм. Неколку гледавме епизоди и кога работата беше дали е во директорот на Фондот, дали е во министерот, дали е во претходната влада, дали е во сегашната власт ама епилог не видовме, рече Силјановска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Оставка за скандалозните помилувања од Сиљановска и одговорност од нарачателите

Предраг Петровиќ

Заради Пендаровски и Османи имаме 17 непополнети амбасади-Силјановска Давкова обвини дека партиските несогласувања ни ја диктираат дипломатијата

СДСМ: ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?

Законот поради кој имаше тепачка не може да одредува пензионирање на судии и обвинители, објаснува Силјановска-Давкова

Силјановска бара двајца, наместо пет потпретседатели, а Џафери да биде неутрален како папа

СДСМ: Силјановска е на иста линија со Мицкоски и Груевски, поддржувач на режимот и транзициски профитер

А1он