СДСМ: ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?

Од:

Откако не собраа валидни и законски потписи за нивната кандидатка, Гордана Силјановска, прашањето е дали ДПМНЕ ги фалсификуваа потписите за кој наголемо и помпезно се фалеа дека биле во огромен број и собрани за неколку часа?

Како што ДПМНЕ ги лажира анкетите, така се обиде да ги лажира и потписите за Силјановска, ама не успеа.

Бидејќи не собраа валидни потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.

Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани, а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.

Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска немаат поддршка од граѓаните, а најстрашното од се,е што повторно ги излажаа граѓаните.

Во ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата партија од минатото која функционира со ширење лаги.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата и партиски послушник, или реприза на Иванов.

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски, наведуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Заради Пендаровски и Османи имаме 17 непополнети амбасади-Силјановска Давкова обвини дека партиските несогласувања ни ја диктираат дипломатијата

Уште едно име во трката за собирање потписи: Гоце Ристов сака да биде претседател, иницијативата ја поднел вчера

Мицкоски: Собрани над 15.000 потписи за Силјановска-Давкова

А1он

За пет часа собрани 10 000 потписи за Пендаровски

А1он

Османи, Таравари и Димитриевски добија легитимитет, Ванковска и Јакимовски уште собираат потписи

Орце Костов

Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидатурата за претседател

А1он