Студентите во Србија собираат потписи – се прави притисок Вучиќ да распише избори

Од:

Студентите во Србија започнаа со акција за собирање потписи од граѓани низ целата земја во поддршка за распишување избори.

Како што објавија претходно, целта на кампањата „Прогласи победа“ е подготовка за вонредни парламентарни избори, што е нивно единствено барање со месеци наназад.

Граѓаните го оставаат своето име, презиме, година на раѓање, општина од која се, како и нивната е-адреса и телефонски број.

Тие податоци одат во базата на податоци на студентите и се користат за „броење“ на граѓаните, односно за добивање попрецизни податоци за поддршката на студентскиот список и вонредните избори.

Ова е прва акција од ваков вид, откако студентите побараа вонредни избори во мај и најавија формирање на студентски изборен список, кој ќе вклучува кандидати избрани од студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Избори во Србија: Во огромни колони се чека за гласање

Катерина Ѓуровски

Кандидатите од Студентската листа дадоа заедничка заклетва: „Парламентарниот мандат му припаѓа на народот – Србија победува бидејќи студентите победуваат“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Аспења низ Србија за наводно планирање нереди на изборите

Избори во Србија: Студентската листа води пред Вучиќ, покажува најнова анкета

Студентите во Србија предупредуваат на „фантомски гласачи“

Полицијата во Србија утрово приведе 29 студенти

А1он