Законот поради кој имаше тепачка не може да одредува пензионирање на судии и обвинители, објаснува Силјановска-Давкова

Од:

Пратеничката Гордана Силјанѓовска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не и е јасно како на дел од судиите и обвинителите им се продолжени мандатите до 31 месецов, кога Судскиот совет и Советот на јавни обвинители немаат таква надлежност. Таа смета дека не може со измени на Законот за работни односи да се даде можност судиите и обвинителите да ја обавуваат должноста до 67 години како останатите граѓани. Според неа, во Законот за работни односи јасно стои дека пензионирање на 62 односно 64 години важи за сите, освен ако со друг закон, не е поинаку предивдено. Во конкретниот случај, Законот за судии и јавни обвинители кој се носи со 2/3 мнозинство.

„Судскиот совет не може да одлучува за одлагање на пензионирањето и единствениот закон кој може оваа материја да ја регулира е Законот за судии и јавни обвинители. Овде и за лаик е јасно дека има неуставност. Цел е спротиве на Уставот бидејќи утврдува дека Советот на јавни обвинители односно Судскиот совет може да продолжи некој мандат. Да, на Универзитетот може, бидејќи ректорот не вработува. Но Судскиот совет нема таква надлежност. Затоа сакавме овој закон да оди по редовна постапка. Надлежен за ваквиот закон е Министерството за правда, а не Министерството за труд и социјална политика“, посочи Силјановска-Давкова.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери требало да го врати законот и не смеел да оди со европско знаменце.

„Предлогот законот е усогласен со препораките на оценската мисија за судска обука со основните начела на ОН, со европската повелба на статусот на судиите и европската конвенција за човекови права. Извинете, ниту еден од овие документи не е извор на европското право, ниту е регулатива“, кажа пратеничката.

Според неа, трката да се донесе побрзо законот е бидејќи на судии и обвинители им е продолжен мандатот до крајот на овој месец, а ако не се донесе, тие ќе треба да се пензионираат.

Би можело да ве интересира

Заради Пендаровски и Османи имаме 17 непополнети амбасади-Силјановска Давкова обвини дека партиските несогласувања ни ја диктираат дипломатијата

СДСМ: ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?

Силјановска бара двајца, наместо пет потпретседатели, а Џафери да биде неутрален како папа

СДСМ: Силјановска е на иста линија со Мицкоски и Груевски, поддржувач на режимот и транзициски профитер

А1он

Собранието демантира дека од стенограмите на излагањето на Силјановска бил избришан зборот „рекет“

Силјановска-Давкова: Нема правен основ за Заев да раководи со финансиите, но каде се финансиите таму е моќта

Кристијан Ландов