(ВИДЕО) Силјановска: Не се доволни примери „вака било во Словачка“, потребни се аргументи

Од:

Професорката Гордана Силјановска пред Собранието рече дека не верувала дека ќе нема никаков дијалог за законот.

– Јас верувам дека политиката значи усогласување на ставови. Ако за овие 7 години законот за високо образование е „менуван“ 15-тина пати, јасно е дека нема концепт. За да изградите концепт ви треба дијагноза, неа не јавидов. Дури и во предлог законот недостасува еден битен елемент – преглед на европската регулатива и на компаративните примери.Не ме задоволуваат изјави од типот – вака е во Словачка, Чешка или не знам каде, ми требаат аргументирани примери, рече Силјановска

Во законот има решенија кои се непознати воопшто во историјата

-Одговорно тврдам дека за прв пат во некој закон има затворска казна, тоа го немало и кога настанувале универзитетите, рече Силјановска

Таа потсети дека во судот во Стразбур веќе има неколку постапки за нарушување на приватноста.

– Ако со овој закон полагањето на државниот испит е јавно, не може да правиме реалити шоу од испитот. Не може да ги сликаат студентите кога полагаат, за тоа треба дозвола, истакна Силјановска.

Таа појасни зошто е несоодветно да се бара импакт фактор во хуманистичките науки, а дека одредбата дека и по 5 години може да се бара преполагање испити. што е всушност повик за фалсификување диплома.

– И мора да ги потсетам многумина пратеници дека од 2011 и претходно, но особено од тогаш бараа, поднесуваа пријави за магистратури, за докторати, многумина от тие, сега се во владата. Ако не вреди не вредат нашите универзитети, зошто тогаш ги чуваат дипломите, праша Силјановска

Ако ниту едно од барањата пратениците не прифатат, професорката Силјановска предложи Венецијанската комисија да каже дали овој закон е добар ил не.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата

Рубио: САД ќе ги поништуваат визите за кинеските студенти