(ВИДЕО) Силјановска: Битолските училишта се пред финансиски колапс

Од:

„Дел од училиштата во Битола се пред финансиски колапс, поради што директни штети трпат учениците. Сметките се блокирани, а секојдневно пристигаат извршни решенија за ненаплатени долгови за греење, за превоз, за струја. Само средното училиште „Таки Даскало“, според завршната сметка од 2013 година, должи неверојатни 480.000 евра, додека пак медицинското училиште „Др. Јован Калаузи“ должи околу 300.000 евра“, рече на денешната прес конференција Јулијана Силјановска од СДСМ од Битола.

Според Силјановска, училиштата немаат пари за струја, за нафта за греење, за превоз на учениците, ниту пак за хартија, тонери и за основните канцелариски материјали.

– Градоначалникот Талески распишува тендери за превоз и за нафта, а обврската за плаќање преку тристран договор им ја товари на училиштата, без претходно да им префрли пари. СДСМ бара Груевски и Талески наместо дополнително да ги задолжуваат училиштата, веднаш да се посветат на решавање на горливите проблеми со кои се соочуваат учениците, родителите и наставниците во Битола – рече Силјановска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски