(ВИДЕО) Шуманска-Митева: Со прифаќање на договорот со Грција трајно ќе ги заштитиме границите и целата територија

Од:

Пратеничката на СДСМ и коалицијата Славица Шуманска-Митева, денеска во Виница одржа прес-конференција на која кажа дека доаѓа време за историска одлука за нашата иднина.

Таа воедно повика граѓаните заедно, масовно и достоинствено да излезат на претстојниот референдум за македонската иднина.

„Македонско-грчкиот Договор е влог во сигурна и стабилна иднина. Со прифаќање на Договорот влегуваме во НАТО, почнуваме преговори со ЕУ, што е најважно, со заштитен македонски идентитет и македонски јазик“, нагласи Шуманска-Митева која подвлече дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста и стабилноста на Македонија.

„Трајно ќе ги заштитиме границите и целата наша територија. Безбедноста и стабилноста што ја носи членството во НАТО ќе донесат и многу поголеми странски инвестиции во економијата. Поголеми инвестиции значат повеќе пари, нови фабрики, нови работни места, засилен раст на платите“, истакна пратеничката на СДСМ и коалицијата.

Таа кажа и дека во сите земји од регионот кои станале членки, како соседна Бугарија, Хрватска, или Романија, инвестициите значително пораснале, а невработеноста се намалила откако станале полноправни членки на НАТО.

„Во соседна Бугарија на пример, странските инвестиции по влезот во НАТО се зголемија за три пати, од 7 проценти пораснаа на речиси 20 проценти од БДП (споредба направена пет години пред и пет години по членството)“, кажа Шуманска-Митева и уште еднаш повика граѓаните својот глас да го дадат за подобра иднина.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он