(ВИДЕО) Шкријељ: Инвестираме во образованието, над 18 милиони евра за капитални проекти во 2023 година

Од:

„СДСМ преку Владата што ја предводи постојани инвестира во образовниот систем. Во изминатите пет и пол години сериозно се инвестираше во изградба на нови и реконструкција на постоечки објекти на основни и средни училишта ширум државата“, рече Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

„За 2023 година за капитални инвестиции предвидени се 18,3 милиони евра или 8,9 отсто повеќе средства споредено со 2022 година.

Оваа година ќе започне изградба на објект за потребите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ќе продолжи и изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје.

Целосно нов објект ќе се гради за кумановската гимназија „Сами Фрашери“ и целосно ќе се реконструираат сите девет државни студентски домови.

Оваа година ќе започне и реконструкцијата на 118 училишни објекти, а фокус ќе биде ставен на изградба на нови тоалети за ученици, оспособување на тоалетите за ученици со посебни потреби и поставување на пристапни рампи.

Во 2023 година ќе започне изградбата на 10 нови спортски објекти во училиштата.

Претходната година завршена е испораката на мебел за опремување на кабинети по природни науки за 264 основни училишта, како и испораката на опрема и нагледни средства за кабинетите по природни науки за 358 училишта.

Покрај инвестициите во објекти и опрема, сериозно инвестираме и во платите на вработените во образованието.

Од 2017 година па до денес, платите во основното и средното образование се зголемени за вкупно 36 отсто.

Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во образованието и да градиме современ и ефикасен образовен систем кој ќе ги подготвува идните генерации“, изјави пратеничката Санела Шкријељ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема