(ВИДЕО) Шкариќ: Владата предлага воведување на паралелен устав во Македонија

Од:

За професорот по уставно право Светомир Шкариќ, амандманите предложени од Владата за менување на постојаниот Устав содржински преставуваат контраустав на постојниот и тоа станува збор за нови форми кои се непознати. Како што рече Шкариќ на денешната дебата „Наметнат устав“ по повод нацрт – амандманите на Уставот, амандманите се носат по кратка постапка, а според него „кој брза – брзо паѓа по патот на кој се движи“.

– Со вакво брзање Владата како овластен предлагач на сликовит начин демонстрира својата омнипотентност. Амандманите содржински се контраустав на постојниот Устав и се нови уставни форми кои за прв пат ги среќавам. Ова најмногу се однесува за амандманот 34 кој ја воведува меѓународната финансиска зона како издвоена географска локација вон доменот на уставното и меѓународното право. Власта врши уставен удар во постојаниот Устав. – изјави Шкариќ.

За него, амандманот со воведување на меѓународна финансиска зона ја разорува македонската државност и правото во земјата, а воедно ќе биде и најголема пречка за членстовот на Македонија во Европската унија. Тој го повика претседателот Ѓорѓе Иванов да се го каже јавно својот став во однос на ова прашање.

– Владата на Република Македонија предлага Македонија да има и втор устав. Тој амандман го сведувам на категорија устав, кој е паралелен на постојаниот. Не е за дополнување на едниот со другиот туку нивно исклучување. Мислам дека помалиот ќе го совлада поголемиот. Претседателот Иванов не смее да молчи и да се држи по страна, бар два збора да каже за овој амандман. Овој амандман се коси со неговата парола од изборната кампања „Државата пред сè“. Доколку не се изјасни, тоа ќе значи дека и самиот Иванов е против влезот во ЕУ – рече Шкариќ.

Универзитетскиот професор истакна дека сите уставни измени претходно се правени со меѓупартиски договор, а грдите слики што доаѓаат од Собрание и уставната комисија го покажуваат нивото на уставотворната власт.

– Заблуда е парламентарното мнозинство да се поистоветува со народот. Не е нормално да се менува Уставот без опозиција во Собранието – дециден е Шкариќ.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Венецијанска комисија: Се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Перуанската претседателка Болуарте е разрешена, Хозе Хери станува привремен претседател

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски