(ВИДЕО) Шилегов: Власта на Груевски одбивала се што ќе се побара за здравството!

Од:

„Лагите и лицемерието на Никола Груевски и Никола Тодоров немаат крај.

Последниве денови се растрчани низ државата и се расфрлаат со најави и ветувања за медицинска опрема и изградба на објекти во здравството. Но, нели вистината е како шило.

Ова се официјални документи од Владата коишто потврдуваат дека дуото Груевски и Тодоров лажат и дека нивниот интерес за здравството и здравјето на граѓаните е лажен и лицемерен.

Наспроти нивните ветувања за наводни инвестиции во објекти и опрема во здравството  во висина од 33 милиони евра, еве што всушност се случува:

-За побарана медицинска опрема на Кардиологија – Министерството за финансии одговара: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За рендген служба во општина Кривогаштани – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За изградба на центар за хронични рани во Геронтолошкиот завод 13 Ноември во Скопје – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За Реконструкција на Општа Болница во Струмица – истиот одговори – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За изградба на амбуланта во Секирарци – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За пункт за итна помош во Идризово – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За реконструкција на Здравствен дом Здравје во Валандово – негативно мислење од Министерството за финансии.

Ова е доказ за невиденото лицемерие на Груевски и Тодоров. Едно зборуваат во јавност, другото се случува во позадина.

Е ова е вистинското лице на неодговорната власт на Никола Груевски.

Груевски и Тодоров не можат да ги лажат повеќе граѓаните.

На 11 декември доаѓа одговорна Влада, на којашто еден од врвните приоритети ќе и биде здравјето на граѓаните на Република Македонија“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он