(ВИДЕО) Шилегов: Уште од првиот ден ќе започнам со мерки за ослободување на Скопје од енормното загадување

Од:

Како градоначалник на Скопје, уште од првиот ден на сопствениот мандат, ќе започнам сериозен концепт, сериозни мерки, кои ќе придонесат за ослободување на Скопје од енормното загадување. Тоа нема да биде лесен процес, туку ќе биде процес во кој што резултатите ќе дојдат сукцесивно. Затоа нема да дозволиме да изгубиме ниту еден ден, за резултатите да бидат што е можно побрзо остварливи, рече кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата предводена од СДСМ, Петре Шилегов и нагласи дека ги здружиле силите со Граѓанската иницијатива „О2 Коалиција“ во борбата за Скопје да има чиста животна средина, чист воздух и чиста во да за пиење.

Тој најави активно вклучување на граѓанските асоцијации во носењето одлуки бидејќи тие најдобро ја познаваат проблематиката и проблемите на микроплан.

-Со Граѓанската иницијатива „О2 Коалиција“ постигнавме согласност за одредени мерки, кои што ќе мора да се спроведат во борбата за чист воздух и здрава животна средина. Како градоначалник на Скопје, ќе воведам итни вонредни мерки за време на грејната сезона, кога загадувањето на воздухот е најинтензивно. Во соработка со општините – единиците на локалната самоуправа во рамките на градот Скопје, ќе создадеме и мониторинг мрежа за мерење на загаденоста. Притоа сакам да напоменам за јавноста, дека ќе го изработиме она што никој досега го нема изработено во градот Скопје, а тоа е студија во која што ќе може да се видат изворите на загадувањето. Таа студија ќе биде основ за превземање на среднорочните мерки вонасока на решавање на прашањето за загадување на воздухот. Досега само нагаѓаме, бидејќи никој нема направено анализа што е тоа што го загадува Скопје со толкав интензитет во последниве десетина години, рече Шилегов.

Тој најави започнување со санирање на коритото на Вардар, отстранување на градежниот материјал од коритото на реката и песокот, а се обврза и постојано да го зголемува буџетот на Градот за заштита на животната средина.

– Бидејќи палењето отпад во и околу градот е еден од сериозните проблеми со кои се соочуваме со години наназад, предвидуваме систем на 24 часовен мониторинг на сите локации низ Скопје и околината. Секако, најважен чекор за нас, за мене како градоначалник на Скопје од 15 октомври, е итна гасификација на градот Скопје. Гасификацијата ќе ја започнеме од деловите на градот кои што не се опфатени со топлификационата мрежа. Гасификацијата ја започнуваме токму од населбите кои не се приклучени на топлификациската мрежа, со цел до граѓаните да направиме достапен еколошки поприфатлив енергенс и поевтин за нивните домашни буџети, рече Шилегов.

Тој изрази благодарност за потпишувањето на овој Меморандум за соработка на сите кандидати за градоначалник на градот Скопје, што покажало дека околу клучните работи може да се постигне консензус.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје