(ВИДЕО) Шилегов: Скопје 2014 станува опасен по живот, ќе има одговорност!

Од:

„Последните дождови покажаа дека Скопје 2014, мегаломанскиот проект на Никола Груевски, освен што е пералница за пари, станува реална опасност по безбедноста на граѓаните на Скопје. Два дена екипи на комуналните претпријатија дежураат во прескапо платените градби во центарот на Скопје и од нив вадат фекалии кои директно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.

Она што постојано се предвидуваше од страна на експертите, за жал почна да се потврдува. Додека архитектите и урбанистите предупредуваа од опасносностите, Груевски и неговите послушници заслепени од дебелите провизии продолжуваа да го урнисуваат центарот на Скопје“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„И покрај сите ревизии и покрај сите докази за лошо спроведните планови за градба, досега никој не поднесе одговорност. Што уште треба да се случи за да некој понесе одговорност за загрозување на безбедноста на скопјани? До кога граѓаните на Скопје ќе стравуваат од најобичен дожд? Постои ли план за заштита на градбите крај Вардар? Јавноста мора да знае дали некои од објектите од мегаломанскиот проект, претставуваат закана за општата безбедност.

Затоа и ги повикуваме сите институции да дозволат непречен пристап на новинарските екипи внатре во подрумите и темелите на објектите за граѓаните да видат како тие изгледаат.

И наместо да и објаснат на јавноста што се се прави за заштита на градбите, власта преку нејзините послушници напаѓа и брка новинари кои известуваат за штетите од криминалниот проект. Но колку и да се трудат, не можат да ги сокријат катастрофалните последици од криминалниот проект. Скопје 2014 почнува да тоне, а на површина ќе останат само фекалиите и лагите и измамите на Груевски.

Набрзо доаѓа денот кога секој ќе мора да се соочи со одговорност за своите постапки. По 11-ти декември, доаѓа нова влада на која приоритет ќе и бидат здравјето, сигурноста и безбедноста на граѓаните, а сите оние кои се огрешиле пред законот, ќе одговараат“, изјави Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На Скопје не му требаат рецилираните споменици од времето на режимот

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?