(ВИДЕО) Шилегов: Ниту денар од градската каса не е влезен во моето адвокатско друштво

Од:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ги демантира обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека тој како градоначалник склучил договор со неговото адвокатско друштво за консултантски услуги и дека врз основа на тој договор од градската каса се исплаќаат пари на неговата фирма.

„Вистината кога е ДПМНЕ во прашање е секогаш на обратна страна. Јас уште како пратеник во Собранието имам склучено договор за консултантски услуги со сопственото адвокатско друштво кое ме плаќа мене. Еве го договорот во 2015 и месечниот приход кој е уредно пријавен во анкетниот лист и предаден во Антикорупцсика комисија кога станав градоначалник. За тие средства од 50.000 денари уредно плаќам данок. Ги повикувам, да се радуваат на развојот на нашиот град, на она што градот изминативе три години чекор по чекор го постигна. Град Скопје и јас како градоначалник немаме склучено никаков договор, ниту еден денар од градската каса не е влезено во моето адвокатско друштво. Јас земам сопствени пари од моето адвокатско друштво“ – рече градоначалникот Шилегов.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на прес конференција обвини дека Шилегов како градоначалник исплаќа 50 000 денари месечно на неговото адвокатско друштво за консултанстски услуги.

Би можело да ве интересира

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Стојаноска: Гласајте за број 9 зошто гласот за Димче во Гостивар е глас за Али

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски