(ВИДЕО) Шилегов: Продолжува медиумскиот мрак, 9 часа пропаганда за десет дена

Од:

Наместо објективно, избалансирано, навремено и вистинско информирање на граѓаните медиумите на Никола Груевски шират лаги и водат медиумска пропаганда во интерес на ВМРО-ДПМНЕ. Не само што се ставија во одбрана на срамните одлуки на Уставниот суд за изборните измами, медиумите на Груевски се натпреваруваат кој повеќе ќе одработи за ВМРО-ДПМНЕ, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

За десет дена, на МРТВ, Сител, Канал 5, Алфа и Тв Нова се емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 9 часа и 32 минути.
Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ нема.

Minutaza

Ама затоа негативните прилози за СДСМ се во времетраење од 5 часа и 54 минути.

Ова го покажуваат податоците од мерењата, според мониторнг по идентична методологија утврдена од ОБСЕ/ОДИХР.

Затоа е потребна слобода на медиумите и затоа е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните.

Последниот случај со отпуштањето на новинарка од Сител телевизија е уште пример за притисок врз новинарската професија и директен удар врз слободата на говор во Македонија.

Крајно време е да се договорат чекорите и системските решенија за регулацијата на медиумите.

Без регулација на медиумите не може да има фер и демократски избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел