(ВИДЕО) Шилегов: Оваа криза може да добие исклучиво политичка разврска

Од:

Како го коментирате ставот на Хан да се формира Aнкетна комисија којашто би работела на решавање на политичката криза и од друга страна писмото кое Ахмети го испрати до Брисел во коешто бара меѓународни експерти да се вклучат во решавањето, беше запрашан портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Тој на тоа одговори:

Заклучоците од постигнатиот договор по повод настаните од 24-ти декември, коишто беа постигнати со помош на меѓународната заедница од страна на ВМРО-ДПМНЕ добија третман на тоалетна хартија. Тоа доволно говори каков е всушност односот на Никола Груевски и на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ кон овие прашања. Така и би го коментирале ставот на европскиот комесар.

По однос на прашањата коишто ги отвара Али Ахмети и ДУИ, дека немаат капацитет македонските институции за справување со оваа криза, тоа се прашања коишто Али Ахмети треба да им ги соопшти најнапред на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. И внатре, во коалицијата, да го разгледаат тоа прашање па потоа да известува каков е нивниот коалиционен став пред македонската јавност.

Според вас што би било најдобро? За решавање на политичката криза?

Ние веќе соопштивме оваа криза не може да добие правна разврска, оваа криза може да добие исклучиво политичка разврска. Како ќе се развива состојбата ќе видиме понатаму.

Би можело да ве интересира

Ние сме најдемократска партија, му одговори СДСМ на Шилегов

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко-босови

Шилегов: СДСМ е заробена партија, ја водат тезгароши

СДСМ: Апсењето на Равманоски е обид на власта да го покрие скандалот со помилувањата!

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и нарко босовите?

Нарко-босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска, која е цената и кој ги зел парите за ова помилување реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски