(ВИДЕО) Шилегов: Никаква опструкција од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи разрешувањето на Зврлевски

Од:

Пратеникот од редовите на СДСМ, Петре Шилегов денеска одржа прес-конференција на која што кажа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена биле решени да ја кочат работата на Собранието, да ги блокираат реформите со надеж дека ќе го одложат соочувањето со правдата.

– Со бесмислените паузи, нелогичните барања за одложување седници и реплицирањето помеѓу себе, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидуваат да го одложат разрешувањето на Марко Зврлевски, заштитникот на најголемиот криминал во изминатите 11 години. Во таа насока е и денешното асупрдно барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, точката за разрешување на Зврлевски да се одложи за по локалните избори, изјави Шилегов.

Според него, тврдењето дека разрешувањето на Јавниот обвинител е незаконско е лага и уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата во Собранието и да ги закочи реформите во судството.

– Процедурата за разрешување на Зврлевски е во целост законска и транспарентна, особено што Собранието е законодавна, а не извршна власт. Залудни се сите очајнички обиди на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата на Собранието и да ги кочи реформите што добија поддршка од мнозинството граѓани, рече Шилегов.

Тој додаде дека никаква опструкција од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречи реформите во судството што почнуваат со разрешувањето на Зврлевски.

– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упорно и доследно ќе опстои на највисокиот интерес и на граѓаните и на државата, а тоа е Македонија конечно да стане правна држава со независен и професионален судски систем. Граѓаните на Македонија мора да добијат професионални институции, нови работни места и повисоки плати и ниту една опструкција на ВМРО-ДПМНЕ нема го спречи тоа, заврши Шилегов.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага