(ВИДЕО) Шилегов: МВР не гарантира безбедност, Македонија како Див Запад

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува сериозна загриженост за безбедноста на граѓаните во Македонија.

„Серијата убиства и меѓусебни пресметки, само во последниот период го вклучи на силно црвено, аралмот, за очигледна неспособноста на одговорните државни институции. За само еден месец се случија три двојни убиства! Од почетокот на оваа година на суров начин згаснаа повеќе од 20 животи!

За само неколку месеци во 2014-та, достигната е црната бројка на убиства и жртви, како во цела 2013-та година! Што е ова во земјава? Во 21-от век Македонија е  времето на Дивиот Запад! Стана јасно дека партизираните институции не можат да гаратнираат безбедност на граѓаните на Република Македонија, особено кога законите не важат еднакво за сите“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

„МВР е претворено во алат за политичка репресија и лични пресметки. Наместо на народот, ѝ служи на тесната група на ВМРО-ДПМНЕ околу Груевски.

Нема превенција. Професионалците во МВР се маргинализирани и тргнати на страна. Се е интерес и политички диктат. Граѓаните не чувствуваат дека институциите ги штитат нивните права, ниту нивната безбедност.

Ситуацијата ја усложнуваат притисоците од општата економска и социјална состојба, и бесперспективноста, под коишто живее народот. Дополнително, се отвораат и други прашања:

Дали драстично зголемениот број на меѓусебни убиствени пресметки се првите видливи знаци на поврзаноста на криминалот со политички структури на власта?

Дали ситуацијата кулминира откако со моќ се стекна  определена група на луѓе коишто се со едната нога во криминал, а се заштитени од власта?

Превенцијата од страна на надлежните органи целосно потфрли, а кај надлежните не се чувствува никаква одговорност.

Бараме итна реакција на надлежните и одговорност за сериозниот замав на убиства што сеат страв во Македонија.

Само департизирано и професионално МВР ослободено од прегратките на власта  може да ја врати безбедноста на улиците во Македонија и сигурноста во домовите на граѓаните“, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата