(ВИДЕО) Шилегов: Кај судијата Ивановски има повеќе од конфликт на интереси

Од:

„Денеска објавуваме уште еден случај, уште една потврда зошто партиските послушници на Никола Груевски во Уставниот суд немаат морален кредибилитет да одлучуваат законски и непристрасно.

Против Илија Ивановски, брат на судијата во Уставниот суд, Никола Ивановски, во 2013 година е поднесена кривична пријава.

Кривичната за Ивановски е поднесена врз основа на член 398 од Кривичниот законик, што подразбира казна за кривично дело „неовластено организирање комар или друга игра на среќа што е забранета“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„До денеска, иако поминаа три години, за оваа кривична пријава не се знае ништо.

Каде е заглавена кривичната пријава за Ивановски три години?

Јавноста со право прашува дали намерно се држи во нечија фиока кривичната пријава за да се испорачуваат партиски налози од ВМРО-ДПМНЕ?

Кај судиите Гошева и Јосифовски постои конфликт на интереси.

Очигледно кај судијата Ивановски постои многу повеќе од конфликт на интереси.

Интерес на сите граѓани, интерес на Република Македонија, е правда и владеење на правото.

Затоа денеска граѓаните масовно ќе излезат во одбрана на правдата, во одбрана на вистината, во одбрана на уставниот поредок во Република Македонија.

Почитувани граѓани, почитувани правници, студенти, професори, сите, денеска, 18 часот, од пред Влада преку Собрание до пред Уставен суд, мирно и достоинствено да излеземе во одбрана на Уставот.

Сите, под знамето на Македонија, заедно, за демократска Македонија“, рече Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел