(ВИДЕО) Шилегов: ГТЦ останува отворен, одлуките ќе ги носиме во консултација со граѓаните

Од:

„Новата градска администрација на градот Скопје ќе ги почитува и спроведувa сите граѓански иницијативи, демократски механизми – петиции, претставки и референдуми. Како идна услужна локална самоуправа, ќе се водиме исклучиво од потребите на граѓаните, одлуките ќе ги носиме исклучиво во консултација со вас и со стручната јавност, бидејќи создаваме град за сите.

Затоа и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните за изгледот на ГТЦ и ќе го оставиме отворен за сите. ГТЦ бил изграден за да биде отворен, таков и ќе го направиме. Ќе ги санираме штетите од досегашната негрижа и ќе направиме зелен покрив на ГТЦ, за да го надоместиме лудилото со сечење на зеленилото што ни се случи во изминативе години.

Создаваме нов јавен градски простор со содржини кои ќе ги вратат луѓето во ГТЦ.

Овозможуваме задолжителен пристап со лифтови до кровот, со тоа им помагаме на дуќанџиите да ги вратат муштериите во ГТЦ.

Драги мои сограѓани,

Овие локални избори носат нов пристап. За нас клучно ќе биде брзо да ги решаваме вашите проблеми, да обезбедиме квалитетни и ефикасни комунални услуги, ефикасен и евтин јавен превоз, децата да имаат пристојни градинки, затоплени училишта… Вашето време за нас е драгоцено, затоа администрацијата ќе биде и брза, и ефикасна, и услужна.

На 15 октомври го враќаме ГТЦ на граѓаните, ги враќаме јавните простори, го враќаме зеленилото, го враќаме Животот во Скопје за сите!“, изјави Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи