(ВИДЕО) Шилегов: Груевски се обидува да манипулира скриен зад сервисот ЈуТјуб

Од:

СДСМ реагира за откажаната средба меѓу премиерот Никола Груевски и претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер.

Јункер ја откажа средбата поради политчката состојба во Македонија.

Еве што на прес конференција кажа портпаролот Петре Шилегов:

Никола Груевски е политички изолиран од меѓународните авторитети. Последната силна порака дојде од претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, кој денеска ја откажа средбата со Груевски, закажана за в четврток. И тука не помага криењето и срамната реакција на министерот Никола Поповски кој се обидува да лаже за скандалозното откажување на првата средба на претседателот на Европската Комисија со Груевски, кога лично портпаролката на Европската Комисија, официјално, на денешната прес конференција во Брисел, информираше дека Јункер, поради “развојот на ситуацијата во Македонија“ ја откажал средбата со Груевски.

Очигледно дека молкот на Никола Груевски и неговите соработници по скандалите со прислушувањето, местењето судии и судски одлуки, обелоденетиот политички монтиран процес проследен со изживување, е запрепастувачки не само за домашната јавност туку и за меѓународната заедница и политичките структури во меѓународни рамки. Наместо да се соочи со јавноста Груевски неодговорно, се обидува да манипулира скриен зад сервисот Ју Тјуб.

Непосредно пред веќе откажаната средба со Јункер, еврокомесарот Хан предочи дека е доведена во прашање “репутацијата“ на Македонија. Ако се земе предвид официјалниот став на Европската комисија за потребата од владеење на правото, почитување на основните човекови права и слободата на медиумите, за коишто децидно е наведено дека се прашања за коишто едноставно “не се преговара“, повеќе од јасно за сите е дека во Македонија не постои минимум државен капацитет за овие суштински потреби.

Би можело да ве интересира

Ние сме најдемократска партија, му одговори СДСМ на Шилегов

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко-босови

Шилегов: СДСМ е заробена партија, ја водат тезгароши

СДСМ: Апсењето на Равманоски е обид на власта да го покрие скандалот со помилувањата!

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и нарко босовите?

Нарко-босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска, која е цената и кој ги зел парите за ова помилување реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски