(ВИДЕО) Шилегов: Груевски и соработниците бегаат од одговори, но нема да избегнат одговорност

Од:

Груевски, Тодоров, Трајановски…, раководните кадри на власта на ВМРО-ДПМНЕ во институциите, нема да избегнат одговорност за ужасните последици од поплавите, колку и да се обидуваат да бегаат, вели Петре Шилегов.

Тоа што цел ден се обидуваат да ја блокираат Надзорната расправа покажува до каде оди неодговорноста на овие луѓе. 

Бебиња настрадаа! Најмалку 23 човечки животи однесоа поплавите! Огромни материјални штети има коишто никој до сега не ги надоместува! Голем број граѓани кои или се без дом или без елементарни услови за живот!

Ова на Скопје му се случи бидејки во 21-от век делови од главниот град немаат канализација. Најголем дел од каналите се неисчистени.
Институциите потфрлија. Не реагираа на време.

Груевски беше 10 години премиер, негови кадри раководат со сите надлежни институции.
Тие треба да им ги дадат одговорите на граѓаните за кататстрофата од поплавите.
Бегале или не одговорност ќе има!

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски